не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.
многу од сеќавањата ми се поврзани со некое јадење. како еден ванила сладолед послужен со исецкана крушка и слатко од смокви. пред многу години вујна ми ми носеше и втор и трет пат чиниче од овој сладолед. вкусот сé уште го памтам, а и тоа дека ме испрати со врзоп диво лукче што го собрала на некоја планина и инструкции како да направам супа со него.
највкусниот сладолед кој знам да го направам е кремаст и мек и совршен како основа за додавање разни вкусови, како печени вишни или печени јаболка, анасон, свеж ѓумбир, или додатоци како чоколатца, лешници, суви сливи во црно вино… само, се прави со живи јајца.
ова колаче на ливчињата на мајка ми со рецепти, од едната страна исполнети со нешто напишано на машина за чукање, се вика “мрсно тесто со вишни”. не знам зошто, кога ниту тестото е мрсно ниту има многу масло. совршено колаче за овој период, кога има зрели вишни, или во било кое друго време, направено со замрзнати вишни.
некако, како се стопли времето, веќе не посегнуваме по мандарини или портокали. а ги имавме, па иако цитрусни тартови не ми се нешто што на прва би избрала, во слаткарница или да го направам, сепак решив да ги искористам мандарините за нив.
сирењето манури е одлично во салати, со марула, спанаќ или рукола, со печено цвекло и јатки… ама бидејќи е несолено, добро оди со овошје за десерт. сега го направив со урми, на лето ќе го пробаме со свежо овошје, праски, сливи, смокви.
сакав да ја искористам уште малку сезоната на тикви, па го направив овој брз тарт, во кој тиквата е тенко исечена за лесно да се испече, и само малку зачинета и со малку шеќер, за да се осети нејзиниот карактеристичен вкус.
питите со овошје ми се едни од омилените десерти. тестото многу брзо и лесно се прави, филот се прилагодува според овошјето кое е во моментот зрело и го има најмногу по пазарите, а може да се употреби и замрзнато овошје. и формата е прилагодлива, може да биде висока пита, преполна со јаболка или капини, прекриена со слој тесто, плитка пита со крцкав крамбл врз овошјето или тарт или галета со јагоди, праски или смокви во еден слој.
и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.
поедноставно овошно колаче не знам, или можда така викам за повеќето, кога ќе земам да ги правам по 2 – 3 пати неделно. ама ова стварно многу брзо и лесно се прави, најмногу време одзема миењето и чистењето на семките од сливите. а е толку меко и воздушесто.
варијанта на сладоледот со јогурт, овој е направен со процеден домашен кефир.
денес ни е роденден 🙂 ситно сецкано полни 8 години, колку и да ни е тешко да поверуваме. ви направивме чизкејк за да прославиме. нема да должиме многу, само сакаме да ви се заблагодариме за сите овие години на следење, читање и готвење на нашите рецепти, а особено кога ќе ни оставите некој коментар со убави зборови или сугестии.
Continue Reading…