не можев да одолеам да не ги купам овие млади компирчиња пред некој ден на пазар. можеби претерав со бирање на најситните, ама ми изгледаа многу слатки.
scroll down for the recipe in english
вака зготвени, по рецепт на мајка ми, ми се највкусни, меки внатре, а заруменети од надвор.
измијте ги компирчињата, нема потреба да се лупат, избришете ги и исечете ги на пола оние што се покрупни, важно е сите да бидат приближно иста големина.
во големо тавче или тенџере со капак, во кое ќе ги собере компирчињата во еден слој, загрејте малку масло, на јако и ставете ги компирчињата. пржете ги со повремено мешање додека не се заруменат од сите страни. потоа посолете ги, намалете ја температурата на најслабо и веднаш затворете го тавчето со капак. гответе ги компирчињата вака уште 10-20 минути (во зависност од тоа колкави се), додека не омекнат и веднаш послужете ги.
i couldn’t resist buying these little new potatoes at the green market the other day. i may have gotten the smallest ones, but they looked so cute.
this is my mother’s recipe and i love new potatoes cooked like this the most, soft inside and golden on the outside.
wash the potatoes, no need to peel them, dry them and cut in half any that are bigger. it’s important that they all are aproximately the same size.
in a pan or a pot with a lid, big enough to arrange the potatoes in a single layer, heat a little vegetable oil at high heat and fry the potatoes until golden on all sides. add salt, lower the heat to lowest and cover immediately. cook the potatoes 10-20 minutes (depending on the size), until they are soft and serve right away.
next post: Мафалета / Muffaletta
I love potatoes…….cooked in this way, is simply the best!