Денес е роденден на блогот, полни 14 години, и иако ретко се појавувам тука, мислам дека е добра идеја да го напишам рецептот за овие вкусни чоколадни колачи.
Continue Reading…одамна не сме имале рецепт за брауни. овие на маја се одлични, а и овие како мафини полнети со кокос, имаме и едни со виолетов сладок компир, и мали брауни пити, ама јас овој пат брауните ги направив со различни брашна, не со пченично, и излегоа ептен добри.
Continue Reading…На денешен ден пред 13 години го почнавме блогот. Овој ролат е баш нешто што мноооогу ретко го правам, па е таман за прослава.
Continue Reading…Ме немаше некое време, ама еве ме во последен момент со еден празничен рецепт. Одамна сакав да направам пита со крем и банани и еве ја, мислам дека е вистински момент за неа.
Continue Reading…првата половина од февруари е вистинско време за чоколадни рецепти. не успеав да го фатам тој воз. барем го фаќам мартовскиов. лани рецептот за овој чизкејк се појави на страниците на арт кујна, а сега еве го и тука.
Continue Reading…многу ми е тешко да пишувам рецепти, ретко ги правам јадењата исто. оваа салата најчесто ја правам вака, па еве, ја запишав. сакам да ја имам тука затоа што сите дома ја сакаме.
Continue Reading…
Одамна ме нема на блогов и сум заборавила како се пишува рецепт, ама не сакав да пропуштам да објавам нешто во рубриката “домашно зготвени подароци”.
Continue Reading…многу сакам веге-бургери и ме радува дека и сите други дома ги прифаќаат. дали се од цвекло, грав, наут или модар патлиџан, никој не одбил добро веге-ќофте. овие направени со оноа што останува од цвекло и моркови кога правиме сок во соковник ми се омилени.
Continue Reading…барајќи рецепти да ја искористам течноста која останува од варење наут, а тоа да не е за пуслици или чоколаден мус, налетав на рецепт за бискоти (или кантучини). супер, баш сакам бискоти, одлични се за со кафе, чај или топло чоколадо.
Continue Reading…лебот со пиво е многу вкусен, ама јас повеќе го сакам овој, од интегрално брашно. рецептот е ист, само интегралното брашно бара повеќе течност.
Continue Reading…во моменти како овој сега, кога се случува да нема квасец по продавниците, еве една идеја за правење леб без квасец, кој не само што е многу вкусен, туку и многу брзо се прави.
Continue Reading…беше роденден на блогот пред една недела и, иако слабо се вртам тука во последно време, го направив колачево за да го одбележиме. ова е едно од оние колачи кои мајка ми често ги правеше порано, а и сега сé уште, за посебни прилики. лесно се прави, а е многу вкусно и убаво изгледа, па сакам да го имам запишано тука.
Continue Reading…