обично, кога правам пица, правам голема количина тесто и тоа што ќе остане неискористено за пица го користам за други работи следните денови. овој пат направив лепињи.
го празнам замрзнувачот од лански работи и правам место за нови овошја и зеленчуци. од тоа произлезе ова колаче со капини, кое би било исто вкусно и со други пролетни или летни овошја, свежи или замрзнати.
ова не е ни рецепт. ова се само идеи за еден солен појадок со една состојка која најчесто ја јадеме во блага варијанта. само мене сé почесто ми треба солен појадок. се разбира, некоја крофна, чоколадна кифла или гранола со мед би биле совршени со првото (или второто) кафе, ама сé почесто ги гледам како десерт после солениот дел. затоа ваква некоја комбинација многу ми се допаѓа.
еве ме во последен момент да ви дадам идеја или две за домашно зготвени подароци за нова година.
ми претставува особено задоволство да ви раскажам за преплет. ако не сте чуле за нив, веднаш разгледајте го нивниот сајт, ќе најдете многу интересни работи дизајнирани од викторија и магдалена. тие ни предложија соработка на нивниот последен каталог и јас бев пресреќна дека ќе можам да зготвам нешто за нив, а даниел сето тоа да го фотографира. и, еве ги рецептите за кишовите и мафините кои се најдоа на страниците на каталогот, покрај штосните предмети со откачени пораки.
крем супите се вкусни од кој зеленчук и да ги направите. брокули, карфиол, зелка, спанаќ, домати, тиквици, модри патлиџани, моркови, пашканат, праз, компири, целер, кромид… сите комбинации се можни. а ако сакате да направите нешто уште поинтересно, направете две крем супи, од различни состојки и послужете ги одеднаш, со разни додатоци. јас овој пат направив една од тиквици и една од моркови.
знам дека ги цените брзите рецепти, а денешниов е еден таков: ориз и зеленчуци на пареа. одлучив да ги зачинам само со сол и црн бибер за да може да дојде до израз вистинскиот, чист вкус на зеленчукот, кој вака зготвен е ем омекнат ем крцкав.
едно од оние јадења кои брзо се прават, не бараат многу спремање и поминување време во кујна, а се згодни за прилагодување и менување на состојките и зачините според тоа што го имате дома. можете да го направите дури и ако не сте испланирале однапред време за маринирање на месото.
веќе имаме рецепт за ќофтиња од цвекло, направени со пулпата што останува кога правите сок. овие ќофтиња се различни. во нив цвеклото е печено, а се исто така вкусни како другите.
остана уште многу малку време до доаѓањето на новата година, само неколку денови, но доволно да ги подготвите последните домашно-зготвени подароци. ви предлагаме сами да направите сенф, со јак вкус, хариса, за љубителите на луто и чоколадни распукани колачи, кои ќе бидат добредојдени и од децата и од возрасните. а за повеќе идеи разгледајте ги нашите претходни домашно-зготвени новогодишни подароци.
се залетав и купив голем врзоп праз, со повеќе од дваесет праза. добро што дома сакаме да го јадеме, а и многу е здрав, па веќе јадевме салати со свеж, ситно исецкан праз и маслинки, испржен со ориз, со шпагети и маскарпоне и во некоја форма на пита/галета/тарт. денешниот рецепт е една од тие варијанти, направена со тесто за пица.