ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.
понекогаш сакате брз десерт, без вклучување рерна, ниту микробранова. овој чизкејк во чаша се прави без печење, можете да направите само една или две чаши, а можете и да го дуплирате рецептот (или триплирате) и да подготвите повеќе чаши за повеќе луѓе.
можеби изгледа комплицирано и долготрајно, ама овие корпи од кори многу лесно и брзо се прават. можат да се испечат и празни и да се наполнат со некоја салата, пинџур, сос или хумус, или со маскарпоне и свежо овошје. а многу се вкусни и вака, испечени со фил од јајце, јогурт и биено сирење.
многу меки и сочни мафини. со убаво изразен вкус на сладок компир, нешто што мене многу ми се допаѓа, ама и не толку големите љубители на слатки компири кај мене дома ги одобрија.
толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.
секоја година пред да започне следната ви даваме идеи за зготвени новогодишни подароци. сега имаме рецепт за класични колачи со чоколатца, а покрај нив, ќе подготвиме теглички со мешавина за топло чоколадо и брза туршија за нашите блиски.
панакота толку лесно и брзо се прави, а толку ретко ја правам. некако ми е десерт за посебни прилики. таа посебна прилика сега се овие огноотпорни чашки. ги имам повеќе години и не знам зошто ги чувам. решив дека е време да ги извадам од кутијата и да ги употребам.
не знам зошто имам некое убедување дека не сакам слатки со лимон. овие тартчиња со сок од цитрусни овошја ми се баш вкусни, а и колачов. неколку пати го направив и многу ми се допаѓа колку е мек, сочен и лимонест.
мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инста–рецепти.
не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.
едно од оние јадења кои мајка ми толку добро ги прави, па јас забушавам и многу ретко ги правам. конечно решив да го запишам нејзиниот рецепт, иако е онаков, сé е отприлика и со насоки “ќе видиш колку треба” и сл. а и да го пренесам тука. еден од почесто посетуваните рецепти на блогов е манџа од зелка, па се надевам и рецептов за боранија на многумина ќе им се најде.