во последно време сé што ми се јаде е печен зеленчук. печено цвекло со праз или во салата, печени моркови и компири, печен зеленчук со тестенини, печен зеленчук во супа… или, печен зеленчук во тесто.
ако сакате бамји, пробајте ги вака, наполнети со многу зачини и испржени.
не е доцна да смучкате уште некој сладолед додека летото не е завршено. овој е можеби најчоколадниот сладолед што некогаш сум го направила, а и син ми го одобри. прилично кремаст и со интензивен вкус.
ова растение purslane (portulaca oleracea), кое не знам како се вика на македонски, секое лето се појавува во моите саксии и расте како лудо. порано го корнев. еднаш го оставив да видам дали ќе има убави цветчиња, ама некако слабо цвета и продолжив да го корнам. сé додека не почнав да наидувам на текстови на интернет каде што пишува дека ова растение е многу здраво за јадење. наидов и на рецепти. и решив да го оставам да порасне и да го пробам. рецептот за оваа салатичка е од овде. многу е вкусна. растението е малку како зелена салата, малку како блитва, малку киселко.
пиперки со урда, ама на малку поинаков начин.
направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).
има денови кога навистина не ми се готви, а ми се јаде нешто интересно. за нешто вакво, како овие полнети листови блитва, само прочачкајте што имате по фрижидерот.
можеби лаванда во јадење звучи чудно, ама ако не ставите премногу, лавандата додава многу интересен мирис и вкус. јас лавандата ја собрав од еден двор. собрав 3 – 4 гранчиња, ги ставив во тегла и ги оставив непоклопени околу 2 недели да се исушат. во колачиве потрошив само пола, па можно е наскоро да направам некој сладолед со лаванда, или некоја пита. ако наидете негде на расцветана лаванда, соберете неколку гранчиња и пробајте еден нов вкус.
оваа чорба не е за секого. мене ми е многу вкусна. и вас ќе ви се допадне ако ги сакате овие вкусови: печен модар патлиџан, наут, зготвени домати… сето тоа зачинето со кари. многу вкусно. со парче лепче доволно е за ручек.
нема многу што да се каже за ова јадење, освен дека ми е најомиленото јадење во цел свет, особено кога ќе го направи мајка ми. лесно е, вкусно и совршено за овој период кога има убави пиперки и патлиџани.
на овие температури сигурно не ви се стои покрај шпорет и не ви се готви. затоа еве еден освежителен пијалок од лубеница и портокал.
одлична пита. за комбинацијата од домати и песто не морам ни да спомнувам колку е добра, како створени се еден за друг. пестото го направив со спанаќ наместо босилок и бадеми наместо пињоли. и многу лукче. тестото е феноменално. многу ми беше вкусно, таман толку меко и толку крцкаво колку што сакам. ќе пробам да го искористам и за други пити, со друг солен или благ фил.