оваа торта не е обична чоколадна торта. во неа нема ни млеко, ни јајца, ни масло, ни шеќер, а нема ни глутен бидејќи е направена со брашно од наут и овес. многу е вкусна и слатка и супер оди со резанчиња портокал.
за оние кои периодов постат, ги собравме на едно место посните рецепти / we collected all the lenten recipes in one place:
за гранола веќе имаме зборувано, ама мислам дека не е на одмет да се спомне пак. во последно време често ја правам, во разни варијанти и комбинации, па еве една од нив, многу вкусна ако ја потопите во кефир или јогурт. можете да ѝ додадете сецкано јаболко, банана, крушка, или малку џем или некое слатко.
брауните си се супер и без никаков фил, ама сепак е убаво понекогаш да се пробаат и вакви, а чоколадо и кокос дефинитивно добро одат.
ова желе е само за љубителите на виното. има јак вкус на вино, одлично оди со крекери и разни сирења, а го помина и тестот на моите колеги.
мислам дека нема некој кој не ги сака “ресана” или “јафа” колачите. сакав да се обидам да ги направам, инспирирана од овој рецепт, а на сајтот на маја, provereni recepti – cooks and bakes најдов детално објаснување како да се направат. за роденден од колегите добив калапи за колачи во форма на срциња во неколку големини и веќе немаше дилема што ќе направам за св. валентин.
пред околу 2 години пробав да направам желе бомбони од јаболки и дуњи. не излегоа бомбони, желето не се стврдна доволно, иако беше многу вкусно. сега решив да го направам истото само од дуњи. дуњите имаат повеќе пектин и полесно се згуснуваат. наидов на неколку рецепти за желе од дуњи, или мембријо, како што го викаат во шпанија и една недела (бидејќи за правењето требаат неколку саати) се нафатив да го правам. негде на половина од готвењето, тука се најде татко ми и рече: “ти правиш китникес”. да, колку и да звучи чудно името, желето од дуњи кај нас се вика китникес.
ако до сега не решивте каква торта да направите за нова година, еве една чоколадна пита која во комбинација со калинките добива свеж вкус и свечен изглед.
ако сакате на своите блиски и пријатели да им подарите домашно зготвени подароци, мислам дека е вистински момент да почнете со планирање, а ние ќе ви дадеме неколку вкусни предлози да ви помогнеме.
не знам дали негде во скопје можат да се најдат свежи брусници. јас ова колаче го направив кога бевме на гости кај маја и џипу во холандија, ама мислам дека ќе биде исто толку убаво и со вишни… или сливи. само ставете помалку шеќер ако се благи.
панакота се прави многу лесно и брзо. само треба да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ. овде слаткоста од кокосовото млеко одлично се надополнува со киселкастиот сируп од калинки.