Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

највкусниот сладолед кој знам да го направам е кремаст и мек и совршен како основа за додавање разни вкусови, како печени вишни или печени јаболка, анасон, свеж ѓумбир, или додатоци како чоколатца, лешници, суви сливи во црно вино… само, се прави со живи јајца.

Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

сакав да избегнам и онакви рецепти со готвење на жолчките, како во сладоледите од портокал, нане и кафе, па го најдов овој рецепт, во кој воопшто нема јајца. сладоледов е прекрасен. лимонест, а кремаст. повеќе ги сакам ваквите сладоледи отколку оние водлестите. а се прави за неколку минути. не гледам причина да не го пробате.

1 шоља слатка павлака (павлака за готвење)

1 шоља млеко

⅔ шоља шеќер

⅓  – ½  шоља сок од лимон

прво изматете го шеќерот со павлаката и млекото, па додајте го сокот од лимон. префрлете ја смесата во сад со капак и замрзнете ја.

Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

колачето е едно од оние кои многу брзо се прават и се вкусни со сите летни овошја.

⅓ шоља масло

½ шоља млеко

1 ½ шоља брашно

1 ½ лажичка прашок за пециво

⅔ шоља шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

1 јајце

цреши и вишни

1 лажица шеќер за посипување (или нешто помалку)

изматете ги состојките за тестото, истурете ја смесата во подмачкано тавче со пречник од отприлика 22 cm, врз него густо наредете цреши и вишни исчистени од семки, посипете ги со 1 лажица шеќер и ставете го колачето да се пече прво 10 минути во рерна загреана на 180°C, а потоа уште околу 35 – 40 минути на 160°C.

Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

voved my favorite ice cream to make and eat is perfectly creamy and scoopable and i use it as a base with different flavorings, like roasted sour cherries  or roasted apples, fennel, fresh ginger, or add-ins like chocolate chips, hazelnuts, prunes in red wine… but, it’s made with raw eggs.

Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

i have also made ice cream with cooked egg yolks, like these orange, mint and coffee ice creams, but this time i wanted an ice cream without eggs so i found this recipe. this ice cream is wonderful. lemony and creamy at the same time. i love ice creams like this, unlike the watery ones. and it’s made in minutes. i don’t see why you shouldn’t try it.

1 cup cream

1 cup milk

⅔ cup sugar

⅓  – ½  cup lemon juice

mix the sugar with milk and cream, then add the lemon juice. transfer to a lidded container and freeze for a few hours before serving.

Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

the cake is one of those made in no time and delicious with all the summer stone fruits and berries.

⅓ cup sunflower oil

½ cup milk

1 ½ cups flour

1 ½ teaspoon baking powder

⅔ cup sugar

1 sachet vanilla sugar (10 g)

1 egg

cherries and sour cherries, stoned

1 tablespoon sugar for sprinkling (or a little less than that)

mix all the batter ingredients, pour the batter in a buttered 22 cm pan, arrange the cherries and sour cherries tightly, sprinkle with sugar, and bake 10 minutes in an oven preheated at 180°C, then lower the temperature to 160°C and bake 35 – 40 minutes more.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly
previous post: Лепливи пилешки крилца и компири печени на сол / Sticky chicken wings and salt-roasted potatoes
next post: Салата од макарони / Pasta salad

Leave a Reply