не знам за што попрво да ви кажам од ова јадење. дали за сочното свинско испечено во глинен сад romertopf, за печениот сладок компир, праз и други зеленчуци или за сосот од кикирики, кој совршено оди со нив. треба повеќе време да се зготви сето тоа, ама освен сецкањето на зеленчукот, нема многу работа.
тортиљава е одличен начин да се искористат печени компири останати од некој претходен ручек. иако, толку е добра, што вреди и да се испечат специјално за неа.
по бургерите од грав и наут, ја продолжуваме серијата вегетаријански бургери со овие од леќа, моркови и цвекло. ова е уште еден вкусен начин да се искористи пулпата која останува по цедењето сок, ама ако немате соковник, во бургерите ставете рендани цвекло и морков.
од едно патување во истанбул, еднo од јадењата кои најмногу ми останаа во сеќавање е ручекот последниот ден пред да си одиме, во едно мало преполно кафанче во близина на египетскиот пазар во кое прво седнавме само да јадеме благо од кадаиф, сирење и шербет (кунефе), ама набрзо ја сменивме нарачката и јадевме цел ручек.
првото нешто што ни го донесоа беше салатата езме заедно со округли лепчиња и црвен булгур. беше неверојатно освежителна и вкусна, па пробав да ја направам и дома. најдов повеќе рецепти за неа, ама ја направив најмногу според овој. салатата е многу вкусна поради сите состојки, ама мислам дека сирупот од калинка и сумакот придонесуваат да биде освежителна и киселкаста.
според мене, најдобар сладолед е овој со кој пораснав, ванила или чоколадо, совршена основа за додавање вкусови. ама сакав да пробам некој без млеко и јајца и еве, начекав еден топол викенд (минатиот) и го направив овој сладолед од индиски ореви, кокосово млеко, црн чај и зачини. ако сте пиеле црн чај со млеко и зачини, знаете што можете да очекувате. сладоледов има баш таков вкус.
сте ги пробале ли сосовите на мирана? кој е вашиот омилен? мене на прво место ми е синап. го ставам во сендвичи, помешан со мед, врз пилешко, пред да го печам, во преливи за салата, во ќофтиња… а еве уште една вкусна идеја како да го употребите.
има денови кога е тешко сите тројца дома да се погодиме во исто време за ручек или вечера. затоа, во таквите денови, ми се допаѓаат овие ќофтиња со домашни земички, секој може да си направи сендвич кога му се јаде, и да си стави додатоци по желба.
кога син ми мартин беше мал, многу сакаше леќа. можеше да ја јаде секој втор ден. другите денови сакаше гравче. ама веќе е пораснат и станат многу пробирлив во јадењето, па не сака ни леќа ни грав. а и на сите ни здосади манџата со леќа. затоа барам други идеи и рецепти со леќа и со неа правам супи, ќофтиња и салати.
изгледа како веќе да е почната пролетта, само мене кога сум дома ми студи. затоа ја направив оваа супа. свежа и не премногу зачинета, ќе ве загрее ако и вам ви студи.
кога ќе купите на пазар тиква од 6 kg, од неа можете неколку пати да направите пита, колач, мафини, супа, салата или смути. можете и да замрзнете дел од пирето од тиква за правење колачи кога тиквите ќе ги нема на пазар, а можете да пробате и нешто ново, како овие солени пити со тиква и печурки. ние дома повеќе сакаме пити од тиква во блага варијанта, ама и овие солениве не беа воопшто лоши. тестото лесно се развлекува тенко, а кога ќе се испече е крцкаво од афионот, а филот е повеќе или помалку слатко-солен, во зависност од тоа колку е блага тиквата.
пинџурите се можеби повеќе летно јадење. лепче, сиренце и пинџур може да биде комплетен ручек во лето. не знам зошто ми требаше толку време да се фатам да го сликам пинџурот, ама не верувам дека некој би одбил пинџур ни на есен, иако времево не е многу есенско деновиве.