во овие колачи има четири различни типови ѓумбир: изрендан свеж, мелен сув, ушеќерен и сируп од ѓумбир, ама сепак тој не е пренагласен. колачиве се ем доволно ѓумбирести, ем слатки.
одамна имам мерак да ги направам овие колачи. ги имав пробано само еднаш како мала, негде на гости и бев воодушевена од вештината на домаќинката да направи колачи кои изгледаат исто како праски. неодамна почнав да налетувам на рецепти за праски и еве, конечно, ги направив.
меки благи кифлички со необичен фил од кокос. во оригиналниот рецепт се користи свеж кокос. јас употребив кокосово брашно, ама сигурна сум дека со свеж би биле многу повкусни. мартин би сакал да беа со чоколадо, па следниот пат ќе пробам да ги направам со чоколадо, џем или можеби пире од тиква и цимет.
сé уште не знам како се викаат на македонски. кога ги направив со лаванда ги нареков колачи, беа поблаги. сега ќе ги наречам лепчиња. иако имаат парченца чоколадо, не се многу благи и супер се за доручек.
не знам дали сé уште има смокви на пазар. се надевам можат да се најдат, затоа што штрудливе се многу вкусни, лесно се прават и се многу подобри од купечките.
мислам дека нема многу што да се објаснува тука, меки ровки мафини полнети со цреши и посипани со шеќер и ореви. син ми мартин изјави дека овие се неговите втори омилени мафини (први се брауни мафините).
брауните си се супер и без никаков фил, ама сепак е убаво понекогаш да се пробаат и вакви, а чоколадо и кокос дефинитивно добро одат.
мислам дека нема некој кој не ги сака “ресана” или “јафа” колачите. сакав да се обидам да ги направам, инспирирана од овој рецепт, а на сајтот на маја, provereni recepti – cooks and bakes најдов детално објаснување како да се направат. за роденден од колегите добив калапи за колачи во форма на срциња во неколку големини и веќе немаше дилема што ќе направам за св. валентин.
ако сакате на своите блиски и пријатели да им подарите домашно зготвени подароци, мислам дека е вистински момент да почнете со планирање, а ние ќе ви дадеме неколку вкусни предлози да ви помогнеме.
секогаш е добро да се грицне некое колаче со кафето, а ако колачите имаат вкус на кафе – уште подобро, па уште и со парченца чоколадо… откако ја добивме машината за кафе dolce gusto, се “навлековме” на еспресо.