All posts in “солено / savory”

Гулаш со кнедли / Goulash with dumplings

не знам дали овој гулаш е автентичен унгарски или не, во секој случај е многу вкусен и е одлична манџа за ова време од годината. ставете лути чили пиперчиња по свој вкус. списокот на состојки е подолг, ама воопшто не е тешко да се направи, и ако немате некој зачин, изоставете го. и кнедлите се убав додаток. обично сме навикнати на кнедли во супа, а овие се малку поразлични, дека се готват на пареа. Continue Reading…

Пити со печурки и тиква / Pumpkin and mushrooms tarts

кога ќе купите на пазар тиква од 6 kg, од неа можете неколку пати да направите пита, колач, мафини, супа, салата или смути. можете и да замрзнете дел од пирето од тиква за правење колачи кога тиквите ќе ги нема на пазар, а можете да пробате и нешто ново, како овие солени пити со тиква и печурки. ние дома повеќе сакаме пити од тиква во блага варијанта, ама и овие солениве не беа воопшто лоши. тестото лесно се развлекува тенко, а кога ќе се испече е крцкаво од афионот, а филот е повеќе или помалку слатко-солен, во зависност од тоа колку е блага тиквата.

Continue Reading…

Новогодишни подароци / Homemade holiday gifts

како и секоја година, и оваа ви предлагаме неколку вкусни подароци кои би можеле да ги подготвите сами дома за своите блиски и пријатели, а и идеи за нивно уживање.

Continue Reading…

Кифлички со кокос / Coconut buns

меки благи кифлички со необичен фил од кокос. во оригиналниот рецепт се користи свеж кокос. јас употребив кокосово брашно, ама сигурна сум дека со свеж би биле многу повкусни. мартин би сакал да беа со чоколадо, па следниот пат ќе пробам да ги направам со чоколадо, џем или можеби пире од тиква и цимет.

Continue Reading…

Лепчиња со суво грозје и чоколадо / Raisin chocolate scones

сé уште не знам како се викаат на македонски. кога ги направив со лаванда ги нареков колачи, беа поблаги. сега ќе ги наречам лепчиња. иако имаат парченца чоколадо, не се многу благи и супер се за доручек.

Continue Reading…

Сирења / Cheese platter

веќе поминаа десетина дена откако се вративме од холандија каде што бевме на гости кај маја, џипу и гавин, а јас дури сега седнувам да напишам нешто. изгледа ми требаше време да се одморам од патот, шетањата и интересните јадења.

Continue Reading…

Переци полнети со банана и чоколадо / Banana and chocolate filled pretzels

има ли нешто подобро од дома месени переци? јас мислам дека има: дома месени переци полнети со банана и чоколадо. а и син ми мартин се согласува.

Continue Reading…

Пинџур / Pepper mezze

пинџурите се можеби повеќе летно јадење. лепче, сиренце и пинџур може да биде комплетен ручек во лето. не знам зошто ми требаше толку време да се фатам да го сликам пинџурот, ама не верувам дека некој би одбил пинџур ни на есен, иако времево не е многу есенско деновиве.

Continue Reading…

Печен бел модар патлиџан / Roasted white eggplant

мајка ми ги нашла овие бели модри патлиџани на пазар и ги купила да ги пробаме. не знаев што е најпогодно да се зготви со нив, па неколку дена стоеја во кујна, додека не почнаа да се сушат. си реков дека е подобро да зготвам било што отколку да ги оставам да пропаднат и првото што го направив со еден од нив беше да го испечам на кришки со многу заатр. излезе многу вкусно, особено со печените патлиџани, сирење и балсамик крема (или кремаст балзамик). кремастиот балзамик е едноставно згуснат балзамик оцет и има поконцентриран вкус. јас го донесов од холандија, ама сум видела и тука по големите продавници. инаку во јадењево може да се употреби и обичен балзамик оцет.

Continue Reading…

Шпагети со печени патлиџани / Pasta with roasted tomatoes

во последно време на пазар сé почесто можат да се најдат вакви долгнавести патлиџани. вкусни се, иако не се многу сочни, ама баш затоа се погодни за печење. ние ги јадевме за ручек со шпагети со маслинки, капари, лута пиперка и босилок и беше убава промена од вообичаените шпагети со кечап, а следниот ден со печени модри патлиџани.

Continue Reading…

Свинско маринирано во мед и тајландски сосови / Pork marinated in honey and fish and oyster sauce

сосот од риба и сосот од остриги се неизбежни додатоци во тајландската кујна. јас овие два соса ги донесов од холандија, ризикувајќи усмрдување на целиот багаж, бидејќи, да не се лажеме, и двата имаат јак мирис на риба. мирисот со готвењето се губи, ама проблем е ако ви се скрши цело шише сос од риба во куфер.

веќе ги гледам овие сосови и по нашите продавници, па ако ги најдете пробајте го овој рецепт, месото е многу вкусно, многу брзо се подготвува, а може да се послужи како мезе за со пиво или како главно јадење со ориз, компири или друг додаток. само треба да се остави време за маринирање. ние го јадевме со зелка динстана во вино розе.

Continue Reading…