ситно сецкано наполни 7 години! и нас не ни се верува колку брзо помина ова време. изминатава година учествувавме на неколку интересни настани. направивме слатки мали тартчиња со маскарпоне и јагоди и солени со хумус за дегустацијата на “паратисима”. даниел го фотографираше, а јас зготвив кишови и мафини за еден од каталозите на “преплет”. учествувавме на првиот food talk macedonia! на матка. објавивме разновидни рецепти, од кои сакам да ги издвојам брауните со виолетов сладок компир, едноставниот колач со маскарпоне и макаронсите.
нашето новогодишно колаче. иако јас го направив со кинеска мешавина од пет зачини (анис, анасон, црн бибер, цимет и ѓумбир), можете да ставите и некои други кои одат добро со тиква: каранфилче, пимент, мускатно оревче, кардамом, ванила…
во тефтерот со рецепти на баба ми ова колаче е запишано под лондонски штангли, ама не сум сигурна дека тоа е неговото вистинско име. мислам дека се вика дамен каприц. во секој случај е вкусно, многу лесно се прави и се надевам ќе ви врати сеќавања на некоја ваша баба или тетка.
ние јадеме многу палачинки. кога ги правам, правам планина од палачинки и ги јадеме и со солени и со благи работи: рендано сирење, кашкавал, павлака, крем сир, џемови, мед, еурокрем, по некоја празна, па пак со солено. и никогаш не остануваат доволно за торта. затоа овој пат направив многу повеќе и дваесетина тргнав на страна. а тортата е едноставна, филувана со домашен џем од јагоди и шлаг, за да се ослободат теглите за нови есенски џемови.
од испробување некои рецепти, ми остана голема количина маскарпоне измешано со слатка павлака. очекував слатката павлака да се измати во густ шлаг, тоа не се случи, па мешавината беше премногу течна за планираниот рецепт. но, затоа одлична за овој колач, кој се прави брзо, се мати во еден сад и има неверојатен, млечно-путерест вкус.
се надевам не сум досадна повторно со рецепт во кој се искористува пулпата останата од правење сок во соковник. ако често правите сокови, сигурно ќе ви се најде еден ваков рецепт. ако не правите, можеби е време да почнете :-). а секако можете да ги замените двете шољи пулпа со рендани јаболка и тиквици, како во оригиналниот рецепт.
пред некој месец ситно сецкано наполни 5 години. не дека заборавивме да го одбележиме тоа, ама некако секојдневните обврски се испречија и деновите поминуваа, а и јас ја барав совршената торта. сé додека не го најдов рецептот за оваа, лесна и свежа, со многу јагоди и шлаг.
оригиналниот рецепт за ова колаче е со јаболка и боровинки. не сум го пробала така, мене ми дојде идеја дека ќе биде вкусно со јаболка и дуњи затоа што сакам дуњи и секогаш сум во потрага по интересни колачи со нив.
после питата со тиквици воопшто не ми е чудно кога ќе видам тиквици во благ рецепт. ова чоколадно колаче со тиквици е феноменално, ептен чоколадно, а сочно од тиквиците.
ликер, рум, пиво… сé сме пробале во колачи, ама овој пат колачето е со коњак. неверојатно сочно, дури и поубаво е вториот и третиот ден. го направив еднаш со сливи и еднаш со круши, првиот пат со помалку коњак, вториот со повеќе и дефинитивно препорачувам да ставите повеќе. кога го правев ова со круши, немав рузмарин, ама ако имате при рака, секако ставете, колачето е поинтересно со него.
не е дека немаме до сега правено превртени колачи. баш ова со сливи ни е едно од омилените дома, или истото во зима со јаболка, или ова со цреши и меко како душа тесто од пченкарно брашно. ама ова со кајсии е различно. прво, со кајсии е, иако многу е вкусно и со сливи или со комбинација од сливи и кајсии. второ, во тестото има многу ѓумбир и многу павлака.