уште еден турски рецепт, само за разлика од салатата со сумак и сируп од калинка, ова јадење не сум го пробала во турција. ама затоа го зготвив покрај неколку турски мезиња кога ги поканивме на турски ручек пријателите со кои заедно го шетавме истанбул пред некоја година.
по бургерите од грав и наут, ја продолжуваме серијата вегетаријански бургери со овие од леќа, моркови и цвекло. ова е уште еден вкусен начин да се искористи пулпата која останува по цедењето сок, ама ако немате соковник, во бургерите ставете рендани цвекло и морков.
од едно патување во истанбул, еднo од јадењата кои најмногу ми останаа во сеќавање е ручекот последниот ден пред да си одиме, во едно мало преполно кафанче во близина на египетскиот пазар во кое прво седнавме само да јадеме благо од кадаиф, сирење и шербет (кунефе), ама набрзо ја сменивме нарачката и јадевме цел ручек.
првото нешто што ни го донесоа беше салатата езме заедно со округли лепчиња и црвен булгур. беше неверојатно освежителна и вкусна, па пробав да ја направам и дома. најдов повеќе рецепти за неа, ама ја направив најмногу според овој. салатата е многу вкусна поради сите состојки, ама мислам дека сирупот од калинка и сумакот придонесуваат да биде освежителна и киселкаста.
сите знаеме дека е добро да се јаде риба, барем еднаш неделно… или три пати. ние најчесто јадеме пастрмка, едноставно испечена, а кога имам време ѝ додавам компири и кромид. вака испечен, кромидот е многу вкусен, стопен и сладок.
мигас е име за различни јадења во шпанската, португалската и мексиканската кујна, ама рецептот што го гледате е повеќе текс-мекс јадење (јадења со мексикански шмек, популарни во тексас).
според мене, најдобар сладолед е овој со кој пораснав, ванила или чоколадо, совршена основа за додавање вкусови. ама сакав да пробам некој без млеко и јајца и еве, начекав еден топол викенд (минатиот) и го направив овој сладолед од индиски ореви, кокосово млеко, црн чај и зачини. ако сте пиеле црн чај со млеко и зачини, знаете што можете да очекувате. сладоледов има баш таков вкус.
сте ги пробале ли сосовите на мирана? кој е вашиот омилен? мене на прво место ми е синап. го ставам во сендвичи, помешан со мед, врз пилешко, пред да го печам, во преливи за салата, во ќофтиња… а еве уште една вкусна идеја како да го употребите.
има денови кога е тешко сите тројца дома да се погодиме во исто време за ручек или вечера. затоа, во таквите денови, ми се допаѓаат овие ќофтиња со домашни земички, секој може да си направи сендвич кога му се јаде, и да си стави додатоци по желба.
идејата за ова јадење дојде по забелешката на мартин дека постојано готвам некои експерименти. ова е лесно јадење со едноставни состојки, кое брзо се готви и многу е вкусно. го јадевме со наан лепчиња направени со банана, затоа што имавме презреани банани кои чекаа да бидат употребени. вкусот на банана не се чувствува, ама наанот е мек и вкусен.
кога син ми мартин беше мал, многу сакаше леќа. можеше да ја јаде секој втор ден. другите денови сакаше гравче. ама веќе е пораснат и станат многу пробирлив во јадењето, па не сака ни леќа ни грав. а и на сите ни здосади манџата со леќа. затоа барам други идеи и рецепти со леќа и со неа правам супи, ќофтиња и салати.
изгледа како веќе да е почната пролетта, само мене кога сум дома ми студи. затоа ја направив оваа супа. свежа и не премногу зачинета, ќе ве загрее ако и вам ви студи.
без оглед дали постите периодов, или сакате да се храните вегански, овие рецепти добро ќе ви дојдат.
if you are keeping lent or eating vegan, these recipes are for you.
булгур со спанаќ / spinach with bulgur
веганска безглутенска чоколадно-портокалова торта / vegan gluten-free chocolate-orange cake
млади компирчиња / new potatoes
зеленчукова супа / rich vegetable soup
ладен зелен чај со ѓумбир и лимон / green tea elixir with ginger and lemon
салата панзанела / panzanella salad
шпагети со печени патлиџани / pasta with roasted tomatoes
интегрален ориз со зеленчук / brown rice with vegetables
печени модри патлиџани / roasted eggplant
погледнете ги и другите посни рецепти овде и овде / check out the rest of the lenten recipes here and here


